– Бев во контакт со роднините кои беа погодени од оваа трагедија. Тука сум да покажам дека Општина Чаир е отворена во секое време и за секаква помош, рече Ганиу за ТВ21.

Тој потенцира дека за утре во 10:00 часот општината закажала седница во врска со трагичната несреќа во Бугарија, на која ќе се дискутира за правните начини за да се помогнат на настраданите семејства.

– Со документи ги идентификувавме, значи дека се со адреса во пасошот во Чаир се 16. Но, бројката е поголема затоа што имаме сограѓани кои живеат во Чаир, но адресите ги имаат во Општина Гази Баба, Студеничани и други општини, рече Ганиу