Во него, покрај темите за минатогодишниот Евросонг кој беше откажан поради актуелната пандемија со корона вирус, струмичанецот раскажува за своите музички искуства, но и за песната со која ќе не претставува ,,Here I Stand”, која за него е нумера за личниот успех, достигнувања и позитивност.

Околу настаните по објавата на видеото за ,,Here I Stand”, кога тој беше обвинет дека смислено во позадина на сцената се појавуваат боите на бугарското знаме (што веднаш беше демантирано од негова страна), но и негово постаро интервју во кое со гордост кажува дека има и бугарско државјанство, Гарванлиев вели дека тоа било организиран криминал/напад врз него, над кој немал контрола.

– Работите беа извадени од контекст, се презентираа лажни информации, и тоа заврши со многу лоша реакција, со напади на интернет и јавен линч. Никому не му посакувам такво нешто, но кога го гледаме светлото во мракот, благодарен сум, бидејќи тоа и даде на мојата песна уште подлабоко значење, а мене уште поголема желба да бидам поуспешен. Ова ме направи посилен како човек и како уметник, и ми даде поголема одговорност, да бидам гласот на безгласните, посебно за уметниците ширум светот кои ја немаат уметничката слобода да бидат тоа што се. Ќе ја замолчиме омразата со љубов, позитивна енергија и љубов, вели Васил за музичкиот медиум.

Тој ќе пее во првото полуфинале на 18-ти мај, покрај Австралија, Белорусија, Ирска, Литванија, Русија, Словенија, Шведска, Азербејџан, Белгија, Хрватска, Кипар, Израел, Малта, Норвешка, Романија и Украина. Фестивалот ќе се одржи од 18-ти до 22-ри мај во салата „Ахој“ во Ротердам.