-Утрово се разбудив во шест со необична и убава енергија. Се исплакав до осум часот, ја пуштив убавата енергија која дојде, да помине низ мене. Плачев од среќа и убава енергија. Тоа е чувство што не можам да го опишам, рече Васил Гарванлиев за ММС утрово, пред да ги почне подготовките за вечерашниот настап, на првата полуфинална вечер на Изборот за песна на Евровизија, што се одржува во Ротердам, Холандија.

Васил вчера ја имаше последната генерална проба, односно вчера вечерта се снимаше целата прва полуфинална вечер и ќе биде користена како снимка, доколку, не дај боже, некој од учесниците покаже позитивен резултат на тестот од Ковид-19.

На настапот Васил вчера блеснал и добил голем аплауз. Жири комисијата од цела Европа врз основа на вчерашниот настап ги дала своите гласови, а за вечер останува да се види што ќе каже публиката.

Целосната статија на ММС прочитајте ја на следниот линк.