Рускиот енергетски гигант Гаспром потврди дека помалку гас се испорачува преку Украина кон Европа, откако Киев соопшти за намалување на количината поради војната.
– Гаспром ќе достави руски гас во износ од 72 милиони кубни метри за транзит низ територијата на Украина на 11 мај, изјави денеска, портпаролот на компанијата Сергеј Купријанов.
Тоа ниво е намалување на обемот на нарачката од 95.8 милиони кубни метри, претходниот ден.