Тој вели од средбите со граѓаните точно знае кои се главните проблеми со кои се соочува Општината.
– Во нашата програма е предвидено изградба на нов здравствен дом кој ќе понуди дежурна служба, лабораторија, гинеколошко одделение. Имаме проблем и со Итната помош бидејќи сме поодалечени од центарот додека дојде може да помина и часови. Во делот на образованието најголем проблем ни е целодневната настава бидејќи родителите имаат проблем каде да ги остават децата по завршувањето на наставата. Ветуваме и изградба на фекална канализација на Општината, набројува Георгиевски.
Вистинска гордост на Општина Илинден треба да биде населбата „Јака“ но таа никако да заживее. Георгиевски објаснува каде е проблемот.
– Населбата „Јака“ е предвидена да биде типска населба да биде, но многу споро се вложува во инфраструктура и граѓаните со право се револтирани бидејќи тие беа ограничени со рок за колку време да ги изградат куќите. Но, нема ограничување за колку време локалната општината треба да ја изгради инфраструктурата.Има граѓани што живеат со години а немаат основни услови за живот.Водоводот е проблем, уличната инфраструктура, канализацијата…Затоа ќе понудиме системско решение за населбата „Јака“. Ова населба е предвидена за млади брачни парови.Посебно внимание ќе посветиме на младите кои сметам дека се запоставени-вели кандидатот за градоначалник, појасни Георгиевски.