Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата исто така најави и поддршка на образовниот процес преку субвенции за електронски уреди за ученици од основно и средно образование и велосипеди и електрични тротинети за младите до 29 години.

-При креирање на мојата програма особена внимателност посветив на мерките на млади со цел да ги поттикнам на поголема вклученост во локалните политики. Токму затоа општината го формира младинскиот центар „Матично“ кој им е ставен во функција на младите и младинските организации како и формирање на локален младински совет како советодавно тело во кое младите ќе може да се вклучат во процесот на креирање политики и донесување одлуки. Ќе креираме и локална младинска стратегија со утврдени приоритети за унапредување на интересите на младите, но и ќе креираме Буџет за млади за кој општината ќе одвои 0,1 % од сопствениот буџет – најави Герасимовски.

Општината ќе дава и поддршка за отворање мали бизниси и самовработување на млади, како и финансиска поддршка за спроведување на проекти кои работат или дејствуваат во општина Центар.

Герасимовски најави и зголемување на обемот на стипендии за најдобрите ученици со поддршка на практичната работа и стипендии за учениците од семејства во социјален ризик и едно родителските семејства со што ќе се создаде еднаква шанса за развој на потенцијалот.

-Младите остануваат наш мотив за успешни политики за развој на секое поле – заврши Герасимовски.