Кон акцијата и се приклучија општинската администрација, вработените од ЈП ПОЦ, наставниците, учениците, родителите, екологистите, невладините организации и граѓаните.

Градоначалникот Герасимовски потенцираше дека општината оваа акција ја организира со цел да се подигне јавната свест кај граѓаните за чистата животна средина и околина.

– Со оваа акција сакаме да ја подигнеме јавната свест, затоа што во голема мера јавната хигиена зависи од нас самите. Колку сме ние подисциплинирани да го одложуваме отпадот онаму каде што треба, толку нашата средина ќе биде почиста. Овде, во училиштата во општината, сакаме да им покажаме на младите колку училишните дворови може да бидат поубави доколку го нема сметот. Нашата цел е да поттикнеме здрави навики кај младите генерации за почиста општина, па и држава во наредните години, изјави Герасимовски.

Од Општина Центар информираат дека започнале и со реализирање на предизборното ветување, односно формирањето на посебниот комунален сектор во рамки на ЈП ПОЦ, кое ќе биде задолжено за јавната хигиена на целата територија на општината.