Владата на краток рок ќе издвои 200 милиони евра за поправка на зградите, локалната инфраструктура и за помош на граѓаните.
Доколку федералните држави обезбедат уште 200 милиони евра, износот за итна помош ќе биде двојно зголемен, се наведува во документот за кој Владата ќе разговара во среда.
– Вкупните трошоци за обнова на поплавените подрачја во западниот дел на земјата ќе достигнат неколку милијарди евра, изјави министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер за време на вчерашната посета на поплавените подрачја.
Владата, исто така, планира да побара помош од фондот на ЕУ за санирање на штетите предизвикани од природни катастрофи.
-Федералната влада ќе стори се што е потребно за да се обнови државната инфраструктура што е можно поскоро, се вели во нацрт документот.Санацијата на штетата и обновата на инфраструктурата ќе бара големи финансиски напори во следните години, се посочува и се додава дека се подготвуваат да воспостават посебен фонд за природни катастрофи за кој исто така би можеле да придонесат и федералните држави.
Премиерот Маркус Зедер рече:
– Баварија за почеток стави на располагање 50 милиони евра за итна помош на жртвите
Федералната министерка за животна средина Свена Шулц побара повеќе пари за да се спречат екстремните временски настани предизвикани од климатските промени.
Во минатонеделните поплави загинаа најмалку 160 лица во Германија. Многумина сè уште се бараат, бидејќи врските во погодените области се уште се слаби. Околу 30.000 луѓе немаат струја