-Во суштина, за мене станува збор за споделување одговорност за катастрофата со сексуалното злоставување од црковните службеници во изминатите децении, напиша Маркс во оставката, адресирана до папата, јави ДПА.

Маркс вели дека истрагите и стручните извештаи во изминатите 10 години постојано покажуваат дека имало „многу лични неуспеси и административни грешки“, но „исто така и институционален или системски неуспех“. Независна истрага, нарачана од Римокатоличката црква, откри стотици случаи на сексуално насилство, наводно извршени од свештенството и лаиците од најголемата германска епархија. Долго очекуваниот извештај на Келнската епархија на 800 страници идентификуваше 202 наводни извршители на сексуално насилство и 314 жртви во периодот од 1975 до 2018 година. Повеќе од половина од жртвите се деца на возраст под 14 години.