Персоналот на германската амбасада и нивните семејства остануваат во главниот град на Украина, Киев, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, пренесува Дојче веле.
-Меѓутоа, ситуацијата постојано се преоценува, а безбедноста на службениците има „највисок приоритет“, изјави Баербок пред самитот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.
Дипломатите, како и членовите на нивните семејства, не ги повлекува ниту Европската унија.
-Мислам дека не треба да драматизираме, изјави шефот на европската дипломатија, Жозеф Борел.
Тој смета дека Украина не треба да се остави сама додека траат преговорите со Русија, но признава и дека ситуацијата може да се промени.
Вашингтон претходно најави дека поради тензичната ситуација ќе го намали бројот на вработени во амбасадата во Киев, но дека амбасадата ќе остане отворена.
Велика Британија, исто така, ги повлекува вработените од својата амбасада во Киев.