Бројките се страшни и ужасни, вели Ѓорчев. Денешната жртва меѓу другите е и млада девојка со 23 години. Размерите на оваа трагедија што ни се случува се огромни. Тоа би дошло исто како три скопски земјотреси.
– Бројките се катастрофални и некој треба дебело, дебело да одговара за тоа. Ова е неподнослива леснотија на умирањето. Според сите мерливи бројки ние сме најлоши во светот. Ако имаше Влада на ВМРО-ДПМНЕ, немаше да имаме три ипол илјади мртви и сигурно до сега ќе набавевме вакцини за имунизација на населението. И затоа одговорно тврдам дека оваа Влада на душа има луѓе кои што секој ден умираат, вели Ѓорчев.
Според Ѓорчев, се случува хуманитарна катастрофа во Македонија.
-Не успеаја да ги вакцинираат ниту здравствените работници, ниту новинарите, ниту полицајците кои се во првите борбени редови. Дојдовме до таа ситуација, да нашите луѓе одат во Врање, Србија и во други соседни држави, се снаоѓаат луѓето како знаат и умеат, заради фијаското на оваа влада, посочи Ѓорчев.