На мое огромно задоволство, но и генерално задоволство на моите сограѓани овде денеска во посета на нашата општина е лидерот на мојата политичка партија, Христијан Мицкоски кој што изминатиов период од речиси 2 години откако сум градоначалник заедно со неговиот тим ни се сериозна поддршка мене, на Советот, тука е пратеничката, претседавачот на Совет и на сите останати граѓани кои што живеат во општина Кисела Вода. Во услови кога апсолутно немате поддршка од владата, Христијан и неговиот тим се светлата точка која што ни дава надеж откако ќе се случат промените наредната година, дека нашиот народ овде во Кисела Вода ќе има поддршка онаква каква што заслужува, за жал ќе потенцирам, за жал ја немаме изминатиов период од речиси две години, истакна Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода.
-Денеска се наоѓаме во населено место Подстаница каде сум јас роден и израснат, ова е едно маало кој што беше целосно девастирано, немаше никаква инвестиција, не само 4 години наназад, туку 30-тина години, 40, откако практично постои населбава, а се наоѓа во населба Драчево. Овде имавме сериозни инвестиции изминатиов период и веќе завршуваме со истите и денеска ќе го направиме увидот сето тоа. Најнапред секаде каде што недостасуваше поправки и нова водоводна и одводна инфраструктура, значи подземна беше решена. Подоцна пристапивме согласно и она што се имаме обврзано пред 2 години во кампањата дека нема да оставиме населено место без асфалтирана улица, односно граѓаните наши да газат кал, пристапивме кон реконструкција онаму каде што имаше потреба и изведување на нови улици онаму каде што немаше, што значи дека патната инфраструктура и подземната и надземната како што споменав се целосно решени.
Дополнително за дечињата, а се во голем број кои што живеат овде, во минатото немаше места каде што може да се рекреираат како и дечињата така и повозрасните, но и сите граѓани генерално. Сега се наоѓаме во моментов на фудбалското игралиште, новоизградено овде обложено со современа вештачка трева, значи теренот е обложен со вештачка трева, овозможени се сите услови овде за спортување, имаме ново баскет игралиште изградено зад нас, имаме исто така детско катче, но и овој централниот дел овде направивме да биде пешачка зона и привршуваме со хортикултурно постепено уредување на иститот.
Во наредниот период ќе се заврши и тоа, што значи буквално имаме реализирање на сето она што сме се обврзале овде за моите сограѓани, за моите поддржувачи, оние кои што ми дадода масовна поддршка на изборите, имаме повеќе од она што практично сме го ветиле пред две години односно во кампањата.
Освен овде во Подстаница работиме на два сериозни потези во Драчево поврзани со водоснабдувањето, некаде вкупно се околу 3 километри, едниот е околу црквата Драчево, а другиот е на дел од Речиште во село Драчево и таму финишираме и сме речиси во завршна фаза. Во Градинар конечно после 30-40 години ја решаваме канализацијата и таму во наредниот период откако приклучоците за домаќинствата ќе ги завршиме ќе следува асфалтирање, но и таму градиме нешто слично на ова односно едно помало спортско комплексче каде што ќе може граѓаните да се движат, да спортуваат, да се дружат и така натаму.
Работиме и во Припор, утре го отвараме спортскиот комплекс „Пржино“ после долги години многу голема, сериозна инвестиција таму. Пред два дена го отворивме спортскиот центар во „Круме Кепевски“ во Кисела Вода. Исто и во „Партенија Зографски“ отворивме спортски терени нови, така да со едно силно темпо ќе продолжиме и наредниот период како и досега со реализација на практично сето она што сме се обврзале да го реализираме за нашите сограѓани.
-Над 90% морам да споменам дека ни се завршени проектите од програмата што си ја имаме обврзано да ја реализираме за 4 години, а веќе 2 години нели изминуваат од мојот мандат и мандатот на советниците заедно, така да имаме што да сработиме и надвор од програмата некои работи што и ги бараат нашите сограѓани. Вие како медиуми ви се заблагодарувам за поддршката и тоа што не пратите во реализацијата на нашите проекти и се надевам како и денес така и во иднина ќе имаме многу вакви заеднички успешни проекти сите заедно да ги оствариме, додава Ѓорѓиевски.