Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, во текот на следните два дена ќе оствари посета на припадниците на Армијата кои се ангажирани во справувањето со последиците од поплавите во Република Словенија, информира службата за односи со јавност при ГШ на Армијата.

Генералот Ѓурчиновски е придружуван од командантот на командата за операции, бригаден генерал, Бесник Емини, од чии потчинети единици е најголемиот дел од ангажираните припадници.

Составот од сто припадници на Армијата на Република Северна Македонија е ангажиран во реонот на Межице, кој е еден од погодените подрачјата од катастрофалните поплави кои на почетокот на месецот се случија во Република Словенија.