Штипјанец ограбил вработена на скопските клиники. Откако се обидела да го спречи, тој ја нападнал.

– На 30.08.2026 во 14:50 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.С.А.(42) од Штип. Околу 13:55 часот во просторија за вработените на една од клиниките тој одзел паричник и други предмети од вработената Т.Д.(56) од Скопје, која го затекнала во просторијата, а откако се обидела да го спречи во намерата, физички ја нападнал, информираа денеска за инцидентот од полицијата.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.