Поранешниот претседател на Србија и претседател на Социјалдемократската партија, Борис Тадиќ во интервју за Нова изјави дека не би го потпишал француско-германскиот предлог за Косово и дека актуелната влада има историска одговорност кога станува збор за решавање на косовското прашање. Тој истакна дека најголемиот апсурд е што владата на Вучиќ го изгуби Косово по мирен пат.

– Одговорноста на оваа влада за позицијата на Србија денес во контекст на решавање на косовското прашање е огромна, а ако се земе предвид дека истите овие (политички партии и) опции беа на власт во деведесеттите, секако може да се зборува и за историска одговорност. Се разбира, земам предвид дека најголемиот дел од историската одговорност е на оние кои можеа да одлучуваат за ова прашање пред 1990-тите, а особено пред Уставот од 1974 година. Во текот на 1990-тите Србија го загуби Косово во војната, а тоа е апсурдно што го губи во последната деценија го загуби и во мир.

Поранешниот српски претседател постети дека тој своевремено одбил да го потпише Бриселскиот договор.