Поголемиот дел од германското население сака четиридневна работна недела, со услов бројот на работните часови да остане ист.

Станува збор за модел кој неодамна е применет во Белгија. Вработените може да бираат дали сакаат да работат четири дена по 10 часа дневно, или пет дена по осум часа дневно, и со тоа бројот на работни часови неделно нема да биде променет.

Белгијците дадоа можност на работниците да бираат, а според истражувањето 71% од Германците би прифатиле четиридневна работна недела.

Белгискиот модел, пак, доби поддршка од 81% од испитаниците.