Шумски пожар вчера беснееше надвор од контрола во централниот дел на Евија, вториот по големина грчки остров, па властите наредија евакуација на едно село, соопшти пожарникарската служба.

Засилен од силните ветрови, пожарот се проширил на падините на планинската шума Гаја, а властите наредиле евакуација на селото Кремастос како мерка на претпазливост бидејќи пожарот се приближил на 800 метри од некои куќи.

Околу 70 пожарникари се бореле со огнот со помош на девет противпожарни авиони и четири хеликоптери пред да падне ноќта.

Евија претрпе разорни шумски пожари минатото лето кои уништија околу една третина од шумската покривка.