Од тие причини дошло до недостиг на вакцината на Фајзер/Бионтек во центарот за имунизација на болницата, објави БНР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, до испорака на ново количество од оваа вакцина, таму ќе се врши имунизација со Модерна и Јансен.

За изминатите 24 часа во Бугарија се дадени 3.334 вакцини, од кои 2.438 се на Фајзер/Бионтек, 462 на Модерна и 434 на Јансен.

Досега во Бугарија се аплицирани вкупно 3.658.694 дози на вакцини против Ковид-19, 1.899.249 со завршен циклус на имунизација, а засилувачка доза примиле 253.545 лица.

Вкупниот број на вакцинирани во Бугарија, според здравствените власти во земјата, останува премногу низок 30 отсто.

Во болницата Пирогов вакцини против коронавирус се даваат и на деца од 5 до 11 години, но по претходно закажување на термин.

Трет ден по ред новите случаи на Ковид-19 во Бугарија се повеќе од претходниот ден.

Моментно во болниците има 4.090 лица кои се лекуваат од коронавирус, од кои 464 се на одделенијата за интензивна нега. Засега во Бугарија официјално се регистрирани 98.459 активни случаи на пациенти со Ковид-19. Во текот на денот потврдени се 49 смртни случаи од Ковид-19, од кои 95,92 отсто не биле вакцинирани. Вкупниот број на починати во земјата од почетокот на пандемијата во март 2020 година изнесува 30.623 лица