Јеловац бил дел од клубот Иглс, а сите фудбалери на Малдиви добиле насока задолжително да се вакцинираат. Требало да примат вакцина од Астра Зенека, вакцината која во изминатиов период предизвика многу бура откако низа земји во Европската унија го прекинаа вакцинирањето поради низа смртни случаи наводно иницирани од вакцината.
Но, Црногорецот одбил да прими вакцина од Астра Зенека, па од клубот веднаш му врачиле отказ.
-Стануваше збор за вакцината Астра Зенека, која не сакав да ја примам. Не бев единствен кој тоа го стори. Од четворица странци во клубот, тројца не сакаа да се вакцинираат со оваа вакцина. Слична е ситуацијата и во другите клубови. Јас не одбивам вакцинација, ама не сакам да примам вакцина на Астра Зенека. За разлика од домашните фудбалери, 90 отсто од странците добиваат отказ ако не се вакцинираат, рекол Јеловац.