Палоши вели дека не и е јасно зошто е потребно толку време општина Бутел да издаде одобрение.

-Не ми е јасно зошто треба да чекаме уште една недела за одобрение за изградба поради тоа што законските процедури завршиле и сметам дека не е потребно толку време Министерството за образование да добие одобрение, додава Халиде Палоши за ТВ21.

Се обидовме да контактираме со градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, за да го прашаме дали ќе даде одобрение, но тој не одговори.

Инаку за ова училиште многу се ветуваше и се зборуваше, но секогаш пречка беа процедурите. Како последица на тие процедури трпеа децата на ова населба кои требаше да поминуваат по неколку километри за да стигнат до училиштето.

Повеќе на ТВ21.