За разлика од претпладнето кога застојот беше за излез од Македонија, попладнево спротивната слика е за влез во земјата, што е за очекувано ако се очекува дека голем број на гласачи веќе го оствариле правото на глас.

Граѓаните со двојно државјанство можат да гласаат и во Македонија и во Косово Веќе е познато дека многу Албанци кои живеат во Македонија уживаат државјанство на Косово.

Заменик-претседателката на Државната изборна комисија во Македонија, Дитмире Шеху во отвореното студио на ТВ21 објасни дека ова двојно право е овозможено без разлика на начинот на гласање.