Бесплатно тестирање со брзи тестови досега беше достапно само за најранливите групи во пандемијата од коронавирусот.
Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека тестирањето е многу потребно за да не се загрози досегашниот успех на британската кампања на вакцинација и постепеното попуштање на мерките.
Тестот ќе може да се нарача на домашна адреса
Фирмите со повеќе од 10 вработени може да побараат брзи тествои за своите работници, а редовното тестирање ќе продолжи и во училиштата.