Автомобил заврши превртен на кров утрово при сообраќајка во близина на основното училиште „Љубен Лапе“ во Општина Аеродром. Ваквата страшна сообраќајна незгода доаѓа како одговор на неколкуте претходни помали сообраќајки.
Град Скопје и покрај барањата на Општина Аеродром, но и многуте граѓани останува без слух. Жителите од овој дел на градот бараат ново сообраќајно решение и подитно да се воспостави алтернатива како кружен тек или слично.
Крстосницата кај ОУ „Љубен Лапе“ е згрешен сообраќаен проект, вели револтиран граѓанин.
Немањето на семафор е клучниот проблем овде, а тоа може да биде многу опасно особено ако се земе предвид дека оваа крстосница на улицата „Васко Карангелески“ се наоѓа во близина на училишен двор каде поминуваат многу ученици.
И покрај тоа што оваа улица неодамна беше реконструирана и проширена, сепак решението е несоодветно.
Жителите од околните згради, како и самата Општина Аеродром уште за време на реконструкцијата упатуваа апели и предупредувања до градските власти дека улицата не е безбедна и дека потребно е поинакво сообраќајно решение. Сепак не наидоа на одговор, а епилогот е страшен.