„Бараме правично судење“, „Ние сме гласот на патриотите“ скандираа граѓаните и побараа оставка од Владата.
Од 27-фервуари до 27-април 2017-тата година околу 200 илјади учесници во движењето „За заедничка Македонија“ во Републиката и меѓу Македонците во светот протестираа за одбрана на унитарноста и државноста. Против двојазичноста и федерализацијата. За одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, беше порачано од протестот пред Собранието за „Правда за уставобранителите – Слобода за Македонија“.
-Неприфатливо е учесниците во движењето За заедничка Македонија да бидат осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста! А велепредавниците на државата и нацијата да бидат власт во Македонија!, беше порачано од протестот во Скопје за правда за уставобранителите.
Патриотите не се терористи ниту убијци, тие се родољуби!
По повод годишнината од настаните во Собранието на Република Македонија на 27-април, 2017 година, Македонците по род и државјанство во светот и татковината се единствени и обединети во организацијата на овој семакедонски народен протест „Правда за уставобранителите – Слобода за Македонија“.
-Ова е борба за правда! Борба за татковината. Ова е борба за победа и слобода за Македонците и за Македонија!, гласаше пораката од протестот.
Во декларацијата што беше прочитана пред присутните, се побара безусловна слобода на осудените за упадот во Собранието.
Јане Ченто, осуден на 15 години затвор
Горанче Ангеловски, осуден на 12 години затвор
Игор Југ, осуден на 12 години затвор
Вилијам Михајловски осуден на 14 години затвор
Младен Додевски на осуден на 12 години затвор
Влатко Трајковски осуден на 15 години затвор
Оливер Поповски осуден на 13 години затвор
Оливер Радулов осуден на 10 години затвор
Душко Лазаров осуден на 15 години затвор
Мумир Пепиќ осуден на 15 години затвор
Митко Пешов осуден на 15 години затвор
Митко Чавков осуден на 18 години затвор
Никола Митровски осуден на 15 години затвор
Абуљфета Алими осуден на 7 години затвор
Николче Димитриевски осуден на 10 години и шест месеци затвор
Никола Војмировски осуден на 13 години и шест месеци затвор
Андреј Мицов осуден на 10 години и шест месец затвор
Коста Делов осуден на 10 години и шест месец затвор
Оливер Ошавковски осуден на 10 години и шест месец затвор
Александар Јаневски осуден на 6 години затвор
Кире Ѓорѓиевски осуден на 13 години затвор
Горан Ѓошевски осуден на 15 години затвор
Петре Жежовски осуден на две години и шест месеци затвор
Васко Цунгаревски осуден на 1година и шест месеци затвор
Димитар Поповски условна казна 3 години
Дејан Давитковски со азил
Учесниците на протестот скандираа „Никогаш северна, само Македонија“, како и „Слобода за уставобранителите“.
Денешниот протест беше поддржан и од опозициската политичка партија ВМРО-ДПМНЕ.
-Народот е на ивица на трпение и ако продолжи вака отсутно да се однесува Зоран Заев и владата на СДСМ јас се плашам дека работите ќе се радикализираат уште повеќе, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски од протестот на кој се бара правда за уставобранителите.
Потсетуваме, вечерта на 27 април 2017 година, по изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието од страна на парламентарното мнозинство, во хаотична ситуација, демонстрантите предводени од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ протестираа пред зградата на Собранието, а потоа насилно влегоа во собраниската зграда, при што беа повредени пратеници и новинари.
Судскиот совет пресуди вкупно 211 години затвор за обвинетите во овој случај. Апелациониот суд подоцна ги намали казните, но за само една или две години. Од вина е ослободено само едно лице.