Веќе неколку години кризната состојба се продолжува поради ситуацијата со мигрантите, а во последниот период и поради опасноста од ширењето на коронавирусот.

Меѓутоа до вчера Собранието не успеа да донесе одлука за нејзино продолжување за периодот од 1 април до 30 септември.

Вчерашниот ден помина во координација за измени на Законот за попис, па потоа од Собранието соопштија дека не е постигнат договор за гласање на одлуката за попис, ниту за продолжување на рокот на кризната состојба по предлог на Владата.

Предлог одлуката за кризна состојба останува блокирана од страна на коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива кои поднесоа голем број на амандмани.