Гром усмртил 95 овци од стадото на сточар од општина Чашка за време на бурата што во средата попладне го зафати поширокиот велешки регион.
Велешката полиција за „СДК.мк“ потврдила дека громот удрил во стадото на планината Јакупица, на околу 500 метри под врвот Солунска Глава, на надморска височина од околу 2.500 метри.
Според полицијата, громот усмртил 95 овци од стадото на 37-годишниот Т.У. од Горно Јаболчиште. Целото стадо броело околу 1.200 овци.
Овчарот и поголемиот дел од стадото не биле на местото каде што удрил громот.
На местото бил извршен увид од екипа на СВР Велес и од инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
