Блокиран транспорт и прекини во сообраќајот
Во Грција Денот на трудот се одбележува со штрајкови и протести во Атина и други градови, организирани од синдикатите на вработените во јавниот и приватниот сектор, јавува дописничката на МИА од Атина.
Земјата денеска се соочува со сериозни прекини во сообраќајот. Нема бродски и железнички превоз.
Во Атина, метрото и трамвајот се во 24-часовен штрајк. Автобусите и тролејбусите сообраќаат само во временски интервал од 9 до 21 часот.
Во Солун се пуштени во сообраќај само околу 50 автобуси, што дополнително го ограничува јавниот превоз.
Синдикални протести и барања за права
Двата најголеми грчки синдикати денеска организираат 24-часовен штрајк и протест во Атина. Протестите се најавени како одбележување на борбите на работниците и повик за подобра иднина.
„Да им оддадеме почит на борбите на работниците во минатото и да порачаат дека денешните борби се за подобра иднина“, велат организаторите.
Синдикатите бараат повисоки плати, подобри работнички права и праведен даночен систем. Според нив, целта е подобрување на условите за вработените во јавниот и приватниот сектор.
