-Денес се чувствувам многу почестен што промовираме една публикација која се фокусот го има конфликтот од 2001 година, конфликт кој не натера да направиме голем пресврт за слободите и правата на Албанците во Република Северна Македонија. Целта на оваа книга е да го расветли тој дел од нашата албанска историја, оставен под сенка и да знае повеќе и на најдокументиран начин за и околу конфликтот во 2001 година под медиумското око. Проучувањето на конфликтите е една од најтешките теми за истражување и документирање во книги. Пристапувајќи од теоретска, критичка и историографска димензија на овој период од современата албанска историја, оваа публикација има за цел да даде доволно знаење за овој историски период кој досега е недопрен од историчарите. Ова е публикација која на граѓаните им враќа во мислите еден славен период на нашата нација која се бори за своите права, по многуте публикации од воен или политички карактер, видени во светлото на тогашните медиуми. Студијата ја отсликува хронологијата на настаните и историските моменти според тогашните медиуми, позицијата на меѓународниот фактор, главно САД, ЕУ и ОБСЕ преку своите претставници. Сега, после 20 години, имаме политичка класа која презема конкурентни раководни одговорности, политичка класа со политички програми кои ја изразуваат потребната 20-годишна зрелост од Охридскиот договор до денес, каде што сме сведоци на трендот на големи државни и национални проекти, рече првиот вицепремиер Груби.

Според него, борбата за власт, противењето на класите и националните антагонизми ги дефинираат политичките линии што можат да отелотворат различни идеолошки дискусии.

„Оваа публикација е вредна референца и за студентите и професорите по историја, новинарство, политички науки и меѓународни односи, исто така би рекол дека е добра лекција за сите нас, да ја разбереме историската одговорност што ја имаме кон граѓаните. Овој историски период е органски дел поврзан со историјата на албанскиот народ и интегриран со онаа на светската историја. Самите меѓубалкански односи се детерминирани од внатрешната еволуција на секоја од овие земји. Борбите за моќ, класните антагонизми и националните антагонизми ги дефинираат политичките линии што можат да отелотворат различни идеолошки дискусии. И со право се вели дека Балканот произведува повеќе историја отколку што може да консумира. Оваа публикација е богатство за библиотеката на секој истражител бидејќи објавените факти не дозволуваат ризик од искривување на историјата. На крајот, дозволете ми уште еднаш да му честитам на авторот, посакувајќи му понатамошен успех во работата што ја прави“, нагласи на крај Груби.