Вчера околу 11 часот во продавница лоцирана на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид дошло до групна тепачка во која учествувале 4 лица, соопштува полицијата.
Во тепачката учествувале 40 годишно лице со иницијали Т.Ц.Т. натаму 63 годишен со иницијали Р.Ќ., лице на 59 години со иницијали В.Ќ. и 73 годишен со иницијали У.Ш.
СВР Охрид работи на целосно документирање на настанот по што ќе следува соодветен поднесок.