После разговорот со Дана Вајт во Лас Вегас потврдено е дека Хабиб Нурмагомедов нема да се враќа во октагонот.
Се шпекулираше дека можно е повторно Дагестанецот да се бори, но официјално дојде крајот на ММА кариерата која ја завршува со 29 победи од исто толку борби.
– Дана, ти благодарам многу брате и на целиот УФЦ тим за можноста да се докажам самиот себеси, вие го променивте засекогаш мојот живот поради овој спорт.
Дана, никогаш нема да го заборавам твојот однос кон мене, татко ми не заборави и моите синови ќе те паметат. Денеска имавме вистински разговор помеѓу вистински мажи.
Исто така, благодарам на целиот тим, партнери и сите навивачи. Се надевам дека ќе ја прифатите мојата одлука и ќе ме разберете – напиша Хабиб на „Инстаграм“.
View this post on Instagram