Утрово имавме ексклузивно интервју со обвинителот Мустафа Хајрулахи. Тоа е човекот кој ги изнесе скандалите и криминалите во обвинителството!
Сега веќе супспендираниот обвинител во нашето студио ги изнесе причините како се довел до негова суспензија.
Зошто бил суспендиран обвинителот Мустафа Хајрулахи?
За притисоците кои се вршеа кон мене од обвинителот Коцевски беа причина за работата да стигне до овде кајшто е стигната. Кај нас за жал, ретки се обвинителите со свое јас. Тоа е запрепастувачки. Не може обвинител да нема свое јас, а да гони криминал. За жал 90 отсто од обвинителите се такви, вели Хајрулахи.
Тој сведочи дека Советот не го разрешил затоа што немал таква ингеренција.
Јас бев шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје. По Републичкото јавно обвинителство е второ во државата. Шефот го избира Советот на јавни обвинители. Советот не ме разреши мене затоа што немаат таква ингеренција, додава тој.
Мустафа Хајрулахи во нашето студио извади документи. „Еве ја содржината на одлуката“, рече тој и ја покажа одлуката со која тој се разрешува.
Место мене ја поставија Наташа Крстевска Цалева. Се знаеме со неа од порано и не можам да кажам лош збор. Таа се најде во небрано, ѝ наметнаа неколку решенија. Е сега што е дискутабилно во оваа одлука на Советот.
Јас сум дете од село. Од Матка. На времето сум растел со тоа, пред кооперација, со нарезак и пиво. После второто и третото пиво му текнува на некој дали го менуваме селскиот кмет и тоа се случува. Епа истото се случува и овде. Сега, кај еден поранешен обвинител од СЈО седнале само наместо пиво и нарезак со виски и апетисани. Им текнало да ја тргнат Наташа Гоџоска која беше мој заменик за да протнат нивни човек. Тоа било лесно изводливо со јавување кај државниот јавен обвинител Коцевски. Самите обвинители од СЈО државниот обвинител го викаат „Вуду кукла“ – се што ќе посакаат им оставарува. Претходно, Катица Јанева ја викаа „големата мајка“.
И предметите им беа такви, заклучува обвинителот обвјавувајќи ги имињата.
Значи, му се јавуваат на Коцевски, ја тргаат Наташа Гоџоска, а отпосле ја ставаат Наташа Крстевска Цалева. Но, предлогот првично бил на тоа место да биде Наташа Сарамандова, вели Хајрулахи.
Обвинителот во текот на емисијата соопшти дека неговото разрешување не е законски извршено и дека нема услови за тој да е суспензиран. Хајрулахи вели дека ги исполнува сите услови, а тој се повика на повеќе членови првенствено на членот 9.
Хајрулахи е човекот кој одвнатре проба да се бори со судиите и обвинителите. Сите наши емисии може да ги гледате ТУКА.