Очите на јавноста вперени кон владата чекаат одговор: Дали ќе се пролонгира рокот за вадење на лични документи? Засега контректен одговор нема, но по иницијатива на претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот рече дека ова ќе се разгледува.
Состојбата со вадење на личните документи останува непроменета за граѓаните кои чекаат да се сликаат или да ги добијат веќе изготвените. Личните карти кои се за внатрешна употреба и натаму ќе важат, изјави премиерот Димитар Ковачевски. За пасошите, шефот на Владата повторно најавува опција да се пролонгира рокот за замена со новото уставно име.
Во крајно нехумани услови, граѓаните со часови чекаат во ред на студ за вадење на документи. Тоа е поради неодговорното работење и лошата организација и несовесното работење од страна на Оливер Спасовски, за кое Јавното обвинителство мора веднаш да реагира, велат во ВМРО-ДПМНЕ.
Во меѓувреме министерот за надворешни остварил средба со грчката амбасадорка во земјава. Во соопштението пишува дека ги разгледале и мерките и кои владата ги спроведува во насока на имплементација на обврските од Преспанскиот договор, без при тоа директно да се наведе дали е разговарано за проблемот со личните документи со новото име.