Пленарната седница на албанскиот законодавен дом доцна попладнево почна со тензии, откако пратениците од опозицијата ја блокираа говорницата.

Припадници на Националната гарда веднаш се распоредија околу говорницата, над која се и столчињата каде седат претставниците на Владата.

Расправијата ескалираше со физичка пресметка, кога опозицискиот пратеник Бледион Налбати физички го нападна пратеникот од Социјалистичката партија Вулнет Сина.

Веднаш потоа беше прекинат директниот пренос и седницата, а на Налбати му беше наредено да ја напушти салата, што тој не го стори.

Состојбата станувала потензична, па претседателката на Парламентот, Линдита Никола, потоа ја прекинала и оваа седница, како и минатата, кога 45 опозициски пратеници, приврзаници на Сали Бериша ја блокираа говорницата, но и просторот определен за претставниците на Владата.