Судијката Мери Дика, која досега ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Апелациониот суд Скопје, на денешната седница на Судскиот совет.

Мери Дика Георгиевска, е кума на осудениот во случајот „Рекет“ – Бојан Јовановски-Боки 13. Инаку, Дика Георгиевска беше и еден од сведоците во овој случај.

Новата В.Д. претседателка на Апелацискиот суд, судијката Мери Дика Георгиевска, е кума на осудениот во случајот „Рекет“ – Бојан Јовановски-Боки 13. Инаку, Дика Георгиевска беше и еден од сведоците во овој случај.

Таа е избрана за судија во Апелациониот суд во 2005 година како судија на граѓанска област. Според нејзината биографија, има големо искуство и во адвокатурата и во судството.

По завршувањето на Правниот факултет во 1986 година, Дика работела во адвокатурата се до 1996 година, кога била избрана за судија во Основен суд Скопје II Скопје на стопанска материја. Таму работела до 2005 година, кога е избрана за судија во Апелација.

Од 2012 до 2018 година, таа е член на Судскиот совет, по што се враќа во Апелација.

Дика Георгиевски последно во јавноста беше актуелна кога сведочеше во случајот „Рекет“ во кој му се судеше на Боки 13, кому му е и кума. Исто така, во овој случај и се судеше и на поранешната Специјална јавна обвинителка, Катица Јанева.

На денештната седница на Судски, судијката Татјана Петровска е избрана за претседател на Основниот суд во Битола, а Јасмина Шишковска Стојковиќ за претседателка на Основниот суд во Прилеп.

Во Основните судови во Велес, Делчево, Крива Паланка и Штип, согласно денешната одлука на Судскиот совет, досегашните претседатели ќе останат да ја вршат функцијата в.д. претседатели сѐ до изборот на нови претседатели.

Согласно оваа одлука, во Основниот суд во Велес останува в.д. претседателка да биде Лидија Димова, во Основниот суд во Делчево – Миле Георгиев, во Основниот суд во Крива Паланка – Љубица Цветковска Стојановска и во Основниот суд во Штип – Ѓорѓи Андонов.

Во судот во Куманово останува старата претседателка, Снежана Манева, која беше пак избрана.