Дванаесетгодишното момче и 14-годишното девојче во куќата во која провалиле пронашле пиштол, пушка и АК-47, заедно со голема количина на муниција и пукале на полициските службеници кои интервенирале по пријавата на случајни минувачи, се наведува во соопштението на шерифот од округот Волуш, пренесува Ројтерс.

Девојчето кое пукало било рането, а момчето набргу потоа го предало оружјето, па не било повредено, соопштиле од полицијата.

Повреденото девојче потоа било оперирано и се наоѓа во стабилна состојба, а никој од полицајците не е повреден во пукотницата што се случила во вторникот вечерта.

Двете деца претходно избегале од домот за сираци и неколку часа подоцна провалиле во куќата, а случајни минувачи кои го слушнале кршењето на стакло ја известиле полицијата, по што следеле опколување на куќата и пукотницата.