Вербалната расправија меѓу група Македонци и Албанци ескалирала во масовна тепачка
Италијанскиот град Перуџа беше сцена на брутална пресметка која започнала од банална причина – фотографија со мобилен телефон. Во бар во населбата Сан Систо, вербалната расправија меѓу група Македонци и Албанци (вклучително и неколку Романци) ескалирала во масовна тепачка. Летале столици, маси и дрвени палки, а билансот е 11 уапсени лица на возраст од 19 до 31 година.
Инцидентот кулминирал кога дел од учесниците, обидувајќи се да побегнат, со автомобил удриле 27-годишен македонски државјанин, нанесувајќи му тешки фрактури на двете нозе. Полицијата, која интервенирала масовно, пронашла и дрога кај еден од приведените, додека друг неуспешно се обидел да ги сокрие клучевите од возилото во саксија. Сите осомничени се префрлени во затворот „Капане“.

