Хари Кејн и официјално ќе биде надвор од теренот неколку месеци откако на дуелот против Келн во рамките од новото коло од Бундеслигата го повреди зглобот.
Англичанецот експресно беше опериран, а според пораките што ги испрати преку социјалните мрежи, тој добро се чувствува по хируршкиот зафат.
Германскиот клуб објави официјално соопштение за здравствената состојба на нивниот водечки стрелец, потврдувајќи дека оперативниот зафат е успешно извршен и дека веќе е започнат долг процес на закрепнување.
„Хари Кејн беше успешно опериран преку ноќ откако ги скина лигаментите на левиот глужд на домашниот натпревар против Келн. 33-годишникот сега ќе го започне својот процес на рехабилитација“, соопшти Баерн Минхен.
