Малиот хеликоптер Ingenuity, кој го направи својот прв и историски лет кон Марс како дел од мисијата „Perseverance“, продолжува да ги радува научниците.

За време на неговиот прв лет, кој траеше само 40 секунди, тој успеа да ја направи првата воздушна фотографија во боја од површината на Марс и да им ја испрати на научниците.

 

Во моментот кога е направена фотографијата, Ingenuity лебдел на надморска височина од 5,2 метри, подготвувајќи се да лета напред. Така, тој успеа да ја фати својата сенка и трагите на роверот на површината на Марс.

НАСА посочува дека оваа фотографија покажала колку е потенцијално важен овој начин на преглед на теренот за идните истражувања и мисии, бидејќи им овозможува на научниците полесно да го препознаат теренот и да го испланираат движењето на роботските возила.

Ова е особено важно кога станува збор за теренот кој се состои од комбинација на остри карпи и песок, што може да биде проблематично за движењето на возилото.