Брза и храбра реакција на двајца случајни минувачи денеска придонесе за успешно спасување на жена од Вардар кај Камениот мост во центарот на Скопје, објави порталот Скопје1.

Жената, на возраст од околу 50 години, била пренесена во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ била укажана лекарска помош.

На местото пристигнале две екипи на интервентната полиција, една екипа на „алфа“ и екипа на Итната медицинска помош.