Инцидентот во тренинг кампот „Бутмир“, крај Сараево, се случи ден откако главниот конкурент за шампионската титула Борац од Бања Лука ја совлада во неделата екипата на Тузла Сити и за прв пат па пауза од десет години стана првак на БиХ.

Неофицијално, навивачите на Сараево физички го нападнале играчите огорчени и бесни поради тоа што нивниот омилен тим испушти дури 13 бодови предност во шампионската трка со Борац.

Сараево в среда го очекува финалниот натпревар од Купот на БиХ токму против Борац, а според локалните медиуми, неколку фудбалери на сараевскиот клуб по инцидентот најавиле дека нема да настапат во финалето.