Меѓу жртвите се три мали деца од две години и двајца воспитувачи.
Откако ги убил, напаѓачот се обидел да се убие со истото оружје, но во критична состојба е пренесен во болница.
Уште не е јасен мотивот на нападот.
Во мометот на нападот во градинката каде се згрижуваат деца до три годипна возраст имало десетици деца.
Четвртото дете кое е жртва на нападот има полесни повреди.
Имено, воената полиција соопшти дека во 10.35 часот соседите пријавиле дека во градинката има со мачета вооружен човек кој ги напаѓа децата и вработените.
Неименуваниот напаѓач најпрво нападнал воспитувачка на влезот од градинката, а потоа ја следел низ собите, каде и ги убил децата.
-Чув врисоци и повици за помош, излегов и видов колешка ккоја ми рече: „Те молам, викни полиција, дојде вооружен човек и убива деца, вели воспитувачката Алин Биазебети за агенцијата АФП.
Полицаец на прес-конференција посведочи дека напаѓаот имал меч во стил на самураите.
Во државата Санта Катарина прогласена е тридневна жалост.
Во претходните години во Бразил во слични напади убивани се деца во училишта, но на постари ученици.