Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски се огласи по спречениот обид за шверц на марихуана.

На 30.06.2025, во координација со МВР – СВР Струмица, спречивме обид за шверц на 100 килограми марихуана. Агенцијата за национална безбедност заедно со СВР Струмица и јавниот обвинител, сопре возило со лажни таблички во кое беа откриени шест торби полни со дрога. Уапсени се три лица.

(ФОТО) ФИЛМСКО АПСЕЊЕ НА ДИЛЕРИ НА ДРОГА ВО СТРУМИЦА: Пресечен меѓународен канал за трговија со дрога

Христовски упати благодарност и честитки до колегите, но и потсети дека важно е да соработуваат институциите.

Ова е уште еден доказ дека кога институциите соработуваат – резултатите се видливи. Безбедна држава е цел која ја постигнуваме со посветена и чесна работа. Голема благодарност и честитки до сите вклучени колеги!, заклучи Христовски.