По средбата со шефицата на косовската дипломатија, Доника Грвала-Шварц, Радман изјави дека Хрватска, како членка на Европската унија, го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија и се надева дека двете земји набргу ќе дојдат до решение за меѓусебните спорови.
-Како една од првите земји кои ја признале косовската независност, Хрватска „ќе се залага Косово да го признаат и тие земји кои досега не го наравиле тоа, рече Радман.
Тој, како што рече, ја гарантира поддршката на Загреб за визната либерализација за косовските граѓани, како и воопшто за напорите на Косово во правец на евроатлантските интеграции.
Шефот на хрватската дипломатија информира дека неговата земја му подарила на Косово 10 илјади вакцини против Ковид-19.
Освен со министерката Грвала-Шварц, Радман се сретна и со претседателката на државата, Вјоса Османи и со претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, а предвидена е и средба со премиерот Албин Курти.