Непознати сторители врз муралот со ликот на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, во косовското село Ораховац, истуриле бела боја за да го уништат. Но, графитот со ликот на Ѓоковиќ во Ораховац повторно блесна, благодарение на гимназијалци од местото кои заедно со професорите, директорот на гимназијата и неколку професори го исчистиле.
Цртежот на Ѓоковиќ под кој на српски и италијански е напишано „Нема враќање назад, дури ни да се земе залет“ е дело на уметникот Милан Милосављевиќ од проектот „Боја во воздухот“.
„Џабе кречевте. Моите браќа од Ораховац се попаметни. А и не може успехот на Новак да се избрише со креч“, пишувааат твитерџиите.