– Овие земји се посветени на воведувањето слични ограничувања за Белорусија, а ЕУ го поздравува ова, се наведува во соопштението од Советот на ЕУ.

Одлуката за забрана за прелети и за пристап до аеродромите е поради принудното приземјувањето на авион на Рајанер во Минск на 23 мај, кој сообраќаше од Атина за Вилнус, при што беше приведен новинарот Роман Праташевич и неговата партнерка, Софија Сапега.

Поради инцидентот од 23 мај денеска САД, Обединетото Кралство, Канада и ЕУ координирано воведоа санкции кон Белорусија.