Аманда Анисимова, која релативно лесно ја победи нашата Лина Ѓорческа на Вимблдон, по крајот на мечот ја пофали Македонката.

Анисимова го доби мечот со 6-3 и 6-2, но Лина имаше свои одлични моменти во натпреварот во кои покажа дека не случајно се пласираше на Вимблдон.

-Ѓорческа имаше неколку натпревари тука пред овој меч, таа игра одличен тенис. Јас сум среќна што се вратив тука по ланското финале и што се пласирав во второто коло. Работев напорно за овој турнир и сакам повторно да се покажам во одлично светло, рече Анисимова по мечот против Ѓорческа.