Кризниот штаб на денешната седница донесе одлука од понеделник, ако продолжи да паѓа бројот на новозаразените, да почнат да работат трговските центри, а една недела подоцна учениците да тргнат во училиште, им кажа на новинарите епидемиологот и член на тоа тело Бранислав Тиодоровиќ.

Епидемиолошката ситуација е и понатаму вонредна, констатираше Тиодоровиќ, тврдејќи дека се гледа тенденција на намалување на бројот на новозаразените и дека во болниците на дневно ниво се евидентираат повеќе отпуштени отколку примени на лекување, а дека во ковид-амбулантите се намалува бројот на први прегледи.

Наставата на далечина, по повеќе од еден месец, би требало да престане на 19 април со понатамошни локални проценки за можни жаришта, додека кризниот штаб тврди дека бројот на заразите е под епидемиолошкото ниво за учениците да можат да се вклучат во загрозениот дел на популацијата.

Тиодоровиќ ја пренесе и оценката на кризниот штаб дека одѕивот во кампањата за вакцинирање е добар, а според него, ако продолжи сегашниот тренд, „за месец до два“ би можел да се постигне колективен имунитет.

Во Србија, според вчерашните податоци, првата доза ја примиле вкупно 1.578.800 граѓани, а целосно, со две дози, се вакцинирани 1.130.000.

Градските власти во српската престолнина соопштија денес дека вакцината ја премил петстоилјадитиот граѓанин на Белград, а заменик градоначалникот Горан Весиќ му врачи симболичен подарок – ваучер за семејно патување.