– Сопругата на претседателот на Хаити исто така почина од повредите здобиени во нападот врз резиденцијата на претседателот, се вели во соопштението.
Претходно беше објавено дека првата дама на земјата е пренесена во болница.
Претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, беше убиен во напад кој синоќа беше извршен врз неговата резиденција. Моиз беше убиен околу 1 часот по полноќ по локално време од група напаѓачи кои отворија оган кон неговата приватна резиденција.
Премиерот Клод Жозеф го повика населението да се смири, уверувајќи дека „безбедносната состојба во земјата е под контрола на националната полиција на Хаити и вооружените сили на Хаити“. Во следните неколку часа, Жозеф ќе им се обрати на граѓаните на земјата.