Министерот за здравство Арбен Таравари и за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утринава беа во на посета на повредените од пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во болницата „Папаниколау“ и Воената болница во Солун.
Во болницата „Папаниколау“се хоспитализирани три лица, а во Воената болница во Солун други двајца повредени, сите со тешки изгореници. Сите петмина пациенти, како што објави Таравари, се во стабилна состојба.
„Им благодарам на нашите колеги во Солун, грчкиот народ и владата за нивната посветеност и помош! Ќе ве информирам за другите пациенти!“, напиша Таравари во објава на Фејсбук.
Дописничката на МИА јавува дека за време на посетата на повредените Таравари и Муцунски биле придружувани од заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, Костас Јулекас, надлежен за областите Македонија и Тракија и заменик-министерот за надворешни работи Тасос Хаѕивасилиу.
Доцна синоќа уште тројца од повредените со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство од скопскиот аеродром беа пренесени на лекување во Атина.