Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на политики кои создаваат услови за нови инвестиции, развој на производството и отворање добро платени работни места.  Резултатите од економските политики веќе се видливи преку новите фабрики кои започнуваат со работа, но и преку компаниите кои веќе се присутни во земјава и ги прошируваат своите производствени капацитети.

Фабриката „Брејнчајлд“ произведува опрема за спортови на вода и ветер започна со работа во Битола, обезбедува околу 230 работни места и претставува инвестиција вредна околу 11 милиони евра.

Во ТИРЗ Штип започна со работа и „Магна Мехатроникс“, инвестиција од околу 40 милиони евра. По достигнувањето на полниот производствен капацитет, компанијата се очекува да обезбеди над 600 работни места, што претставува дополнителна потврда дека Македонија привлекува технолошки напредни инвестиции со висока додадена вредност.

Паралелно со новите инвестиции, значително растат и компаниите кои веќе работат во Македонија.

КОСТАЛ Македонија од почетните приходи од околу 80 милиони евра стигна до рекордни, очекувани за 2026 година, 280 милиони евра, минатата година реализираше дополнителни 200 вработувања и денес има повеќе од 1.340 вработени.

Растот продолжува и кај „Амфенол“, која веќе има околу 3.200 вработени, а планира дополнителни 500 нови вработувања во две фази, по што бројот на вработени би достигнал околу 3.700.

Дополнителен инвестициски циклус најавува и „Гемтерм“, глобален лидер во автомобилската индустрија. По постоечката инвестиција во Прилеп, компанијата планира ново вложување од повеќе од 30 милиони евра и до 300 нови работни места.

Додека пак, во 2024 година Македонија оствари историски рекордно ниво на странски директни инвестиции од милијарда и 255 милиони евра.

Истовремено Владата продолжува да го поддржува и домашниот бизнис, така што за нови инвестиции, проширување на производството и отворање работни места стави на располагање повеќе од 250 милиони евра преку кредитната линија со унгарската Експорт банка.

Овие инвестиции се конкретен показател дека Македонија станува сè поатрактивна за инвеститорите, но и дека компаниите кои веќе работат во земјава имаат доверба во економскиот амбиент и се одлучуваат да ги зголемат своите капацитети.

Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасна, во Македонија да има повеќе успешни компании, повеќе инвестиции, повеќе добро платени работни места, поголем извоз и повисок животен стандард за граѓаните.